Roma Rock School на фестивалот за млади таленти UNDERFEST 2019


Roma Rock School е невладина организација со седиште во Скопје која го поддржува музичкото образование на талентираните Роми и деца кои потекнуваат од економски ранливи семејства преку рокенрол, и се на возраст од 13-16 години.

Преку нивните активности, тие се фокусираат на зголемување на мултиетничката толеранција и намалување на дискриминацијата преку музика помеѓу ромските и неромските деца од цела Македонија.


Визијата на организацијата е да обезбеди образование кое ќе ги подготви да станат успешни, да се соочат со предизвиците во својата иднина и да бидат дел од нивната заедница.

Roma Rock School ќе се претстават во сабота, на 06 април, 2019та година. Влезот за посетителите е бесплатен.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ПОЧИНАЛ ПОЗНАТ ТИКТОКЕР (31): Полицијата се сомнева дека момчето кое го обожаваа луѓе од целиот свет се самоубило – прошталната порака на неговиот брат ја крши душата

Такер Џанал имал околу 2,5 милиони следбеници на ТикТок, каде што бил познат по своите …