(ВИДЕО+ФОТО) „Јуниор Евросонг“ – Нела Манческа по првата проба ги освои присутните


Прекрасната Македонка од Скопје, Нела Манческа, ја имаше својата прва проба на Јуниор Евросонг со песната Miracle. Таа на 13 декември ќе нè претставува на најголемиот детски музички фестивал во Европа.


Нела Манческа од Скопје, која во сабота (13 декември) ќе ја претставува Македонија на годинашниот Јуниор Евросонг, веќе ја одржа првата проба.
На официјалната страница на музичкото натпреварувањето беа објавени неколку фотографии од пробата на која првпат ја испеа песната Miracle.


Со пуштена коса со мали плетенки од страните и бело-сребрен фустан, Нела е како вистинска самовила. Taa веќе неколку дена е во Тбилиси, Грузија и ги почна своите подготовки за настапот, како и дружењето со другите учесници, од останатите 17 земји кои ќе се борат за победа.
Дека Нела ќе ја претставува Македонија беше најавено во јуни. Песната Miracle е дело на Лазар Цветкоски кој ја направи музиката, а текстот е на неговата сестра Магдалена Ена Цветкоска.
Годинашниот избор на Јуниор Евросонг е 23-ти по ред, а се одржува под мотото „Обединети со музиката“ (United by Music).

Фото: Принтскрин/Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Битолски театар и Бабец театарот ја воодушевија публиката во Шведска

Екипата на Битолскиот театар со претставата ,,Ако останеш дома” по мотиви на Карој Сакони и …