(Рецепт) Грашок со чадено месо: Јадење што мириса на топол дом!


Го донесуваме рецептот за една од најпопуларните чорби во нашиот регион – густа и миризлива чорба од грашок со чадено месо, идеална за ладни денови и семеен ручек.
Состојки:
500 г грашок
200 г чадена сланина
300 г чадени колбаси
2 моркови
1 корен од магдонос
1/4 целер
1 главичка кромид
3 чешниња лук
4 компири
2 ловорови листа
4 бобинки од пимент
сол и бибер по вкус
2 лажици масло
2 лажици мајчина душица
Подготовка:
Потопете го грашокот неколку часа или преку ноќ, а потоа исцедете. Исечете ги сланината и колбасот на коцки. Пржете ја сланината, потоа додадете го колбасот и пржете накратко.
Излупете го и исечкајте го морковот, коренот од магдонос, целерот, компирите и кромидот. Ситно исечкајте го лукот. Загрејте го маслото во тава и пржете ги кромидот и лукот додека не станат проѕирни. Додадете зеленчук, грашок, чадено месо, ловорови листови и пимент.
Налејте вода да се покрие сè и оставете да зоврие. Варете на тивок оган 1,5–2 часа, додека грашокот и зеленчукот не омекнат. Зачинете со сол, бибер и додадете мајчина душица. Варете уште неколку минути за да се соединат вкусовите.
Совет: На крајот, додадете уште 1-2 чешниња свеж лук за посебна арома.
Напомена: доколку користите замрзнат грашок нема потреба да го киснете.

Фото: Принтскрин/novosti


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се празнува Свети Сава Осветен

Свети Сава Осветен е еден од најголемите подвижници и столбови на монаштвото во Светата Земја. …