Ова е најдобриот совет за каснување од пчела или друг инсект и кога немате аптека при рака…
Неодамна имавме можност да се дружиме со пчелар. Ни кажа за мирот што му го носи работата со пчелите и кошниците.
Тој вели дека нема поопуштено место на светот од она покрај рој пчели.
Тешко ни беше да поверуваме, па го прашавме: Што ако пчелите каснат?
“Па што? Нели ви рекоа дека е и здраво?”
„Да, но за некои тоа може да биде фатално“.

„Се разбира, не велам дека не може. Но, за оние кои не се алергични, најдобро е да земат аспирин или андол (што и да имаат дома), да го стопат со неколку капки вода, и да го стават на местото на каснување. Тоа се остава да стои околу една минута, две па се отстранува. Нема даима оток, без болка, без чешање – проверено!
Исто така, ако немате аспирин со вас, земете три различни билки. Не мора да сте експерт, но можете да најдете 3 билки на ливадата и само да ги здробите и да го втриете нивниот сок во убодот. Тие веднаш ќе ја смират кожата“.
Тој советува и да користиме облога од навлажнета сода бикарбона, доколку во моментот на убодот немаме со нас ништо од горенаведеното.
Фoтo: Архива
ekran платформа за слободоумни