(ВИДЕО) Новиот музички проект на „Ориентал бенд“ се снимаше во Белешкиот театар


После скоро две години апстиненција од медиумите, „Ориентал бенд“ се враќаат со нешто ново и навистина оригинално.

Бендот, празнично, ги изненади почитувачите на убавата песна, промовирајќи проект кој содржи преработки на македонски евергрини и неколку познати странски хитови.


„Целиот проект е снимен во живо. Нашата желба, во живо да отпееме и отсвириме неколку убави песни, на театарска сцена со светла, вроди со плод и нескромно ќе кажеме дека испадна одличен производ. Нашето го остваривме. Работевме со многу голема желба и љубов, а сега останува публиката да го препознае тоа“, велат Ориенталци, додавајќи дека видеата ќе се објавуваат на нивниот канал на „you tube“.

„За сите преработки, направивме и видеа, а ќе ги објавуваме едно по едно, секоја недела. Сакаме искрено да се заблагодариме на театарот во Велес, Љупчо Павловски од студио „Анастасија“ и Кристијан Конески, кој беше задолжен за видео продукцијата“.


Некаде после новогодишните празници конечно излегуваат и две авторски песни на бендот, кој од неодамна има и нов член, гитаристот Ристе, а  и за овие песни се планирани и видео записи.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) СИНОТ НА РОБ РАЈНЕР БИЛ 17 ПАТИ НА РЕХАБИЛИТАЦИЈА: Осомничен за убиство на мајка си и татко си, тој моментално е во бегство – целиот свој живот бил бездомник, а се борел со дрога од 15-годишна возраст

Ник Рајнер е главниот осомничен за смртта на актерот Роб Рајнер и неговата сопруга. Според …