(ВИДЕО+ФОТО) Проектот „Кога зградите би зборувале“ во Загреб


На целодневниот настан „Попаметен град“ во галеријата „Грета“ во Загреб денеска ќе биде претставен проектот „Кога зградите/просторите би зборувале“, меѓународна соработка која вклучува презентација на целокупните проектни активности досега спроведени во Скопје, Белград и Загреб. „Кога зградите би зборувале“ ќе го  претстават авторите Ивана Васева,Филип Јовановски и Дејан Ивановски.

„Кога зградите би зборувале“ е колаборативен проект кој се бави со трагите на бришење или наглата изградба на колективните локални истории, земајчи како примери конкретни градски простори – згради и нивното опкружување. Бришењето или создавањето води кон една непрепознатлива промена на локалните контексти кои влијаат на сите општествени слоеви. Програмата која се развива во Скопје, Белград и Загреб се занимава со промените во сфаќањата и делувањата во однос на историските, архитектонските, политичките и уметничките референци на одредени градски делови.


Преку детална анализа на овие згради/блокови, контекстуализирани со нивната околина и историски развој, „Кога зградите би зборувале“ се однесува на тенденциите на (не)солидарност, деградација, обнова на реалноста- покажувајќи исто така кои се конфликтите во овие згради/блокови кои потенцијално отвараат процепи во генералната општествена структура.

Процесот подразбира истражување на Железничка зграда во Скопје од ФРУ – Факултет за работи што не се учат од Битола/Скопје, комплексот на згради Белвил во Белград во соработка со партнерот „Супервизуелна“ и Фабриката Пенкала – Мостер во Загреб, во соработка со организацијата „Фрлачи на сенки“ од Загреб, во периодот од октомври 2015 – септември 2017 година. Проектот е поддржан од Balkans Arts and Culture Fund (BAC). BAC е спроведуван од Швајцарската влада преку Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Европската културна фондација (ECF) и продолжува и во 2018-тата.


Тизер трејлер:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

СЕ МЕНУВААТ ПРАВИЛАТА НА СОСТАНУВАЊЕТО ВО 2026 ГОДИНА: Токсичните игри завршија, сега сè е различно – конечно!

Секоја нова година носи со себе нови трендови во светот на состанувањето, обликувајќи го начинот …