11 намирници богати со ЦИНК: Минерал важен за оптимално функционирање на организмот


Обезбедете му ја потребната количина на цинк на вашето тело на природен начин
Цинкот е исклучително важен минерал, поради неговите антиоксидантни својства кои ќе помогнат да се зајакне имунитетот. Го има во речиси сите органи, а најмногу го има во еритроцитите (црвените крвни зрнца), коските, мускулите, црниот дроб и простатата кај мажите. По железото, цинкот е вториот микроелемент во човечкото тело.

За разлика од некои супстанци, телото не може да складира цинк, што значи дека е неопходно секојдневно внесување на цинк преку храната. Човечкото тело содржи околу 2-3 грама цинк. Препорачаната дневна доза за жени е 8 мг на ден. Кај трудниците тој број се зголемува на 11 мг, а кај доилките на 12 мг. Внесувањето на цинк за време на бременоста позитивно ќе влијае на здравјето на мозокот на бебето.


Вегетаријанците и луѓето кои не јадат месо мора да бидат особено внимателни – тие треба да земаат дури повеќе од 50% од препорачаната дневна доза на цинк од храната. Група на луѓе кои имаат поголем ризик од недостаток на цинк се спортисти, алкохоличари, лица со гастроинтестинални заболувања и оние кои земаат одредени лекови подолго време.

Цинкот во храната помага да се зајакне имунитетот
Опаѓањето на имунитетот е многу честа појава кај луѓето и може да се случи поради многу причини. Во овој случај може да се појават чести воспаленија и повторливи инфекции, хронични инфекции, а опоравувањето од болеста е подолго и потешко доколку имунитетот е слаб.
На пад на имунитетот може да влијаат пушењето, хроничните болести, исцрпеноста и недоволното спиење, физичкиот и психичкиот стрес, неправилната исхрана, недоволното движење… За да го зајакнете имунитетот, можете да почнете да консумирате поголеми количини цинк преку храната.


Цинкот во исхраната се наоѓа во овие намирници:
Производи од месо – телешки црн дроб, јагнешко, говедско, пилешко и мисиркино месо, свинско месо. Риба – остриги, школки, ракови, туна, ракови
Интегрални житарки и пшенични никулци
Јајца
Соја
Пивски квасец
Млечни производи – сирење, млеко и јогурт
Семки – сушени семки од лубеница, семки од тиква, семки од сончоглед, семки од чиа
Јаткасти плодови – кикиритки, бадеми, ореви
Зеленчук – краставици, зелена салата, маслинки, кромид, грашок, спанаќ, слатки компири, домати
Овошје – авокадо, банани, киви, јагоди, праски
Какао


Ова се намирници кои лесно можете да ги вклучите во вашето дневно мени и да ги комбинирате во различни јадења.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) НЕ МОЖЕТЕ ДА ЗАСПИЕТЕ? Докторка го споделила овој трик на социјалните мрежи и тој станал вирален

Ако имате проблеми со заспивањето, можеби ќе сакате да го пробате овој едноставен трик кој …