Како да се пржат компирчињата за да не бидат токсични? Совети од нутриционистот Сашко Дрвошански
Новата година носи нови очекувања, и е период кога си посакуваме се најдобро, и пред се добро здравје. Можеби баш овој период е време кога треба да воспоставиме здрави ритуали и систем на исхрана кој ќе ни помогне да го живееме животот со полн капацитет.
Да не бидеме едни од оние на кои кога ќе им се наруши здравјето, бараат брзо решение, привремено ќе си помогнат, па пак ќе се вратат на старите лоши навики.
Подкастот “Научно докажано со Сашко Дрвошански” нуди многу корисни совети и препораки, некои работи кои ги знаеме, а ќе се потсетиме, но и најнови научни сознанија и препораки базирани на медицински анализи, кои доколку ги применуваме ќе живееме убав и здрав живот.
Како до подобро здравје во новата 2025? Ова се 10-те ЗАПОВЕДИ ЗА ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ ВО 2025, совети од Нутриционистот Сашко Дрвошански.
- Намалето го внесот на токсини или празни калории. Користете помалку спакувана храна, повеќе свежа храна…намалете пржена храна…. оризот треба да се исчисти пред подготовка, бидејќи содржи многу арсен, компирот исто така содржи токсини, па мора пред пржење убаво да се исуши, па потоа да се испржи.
- Слушајте го вашето тело! Како тоа реагира на одредени намирници. Мораме да бидеме свесни како реагира нашето тело на глутен (кој може да предизвика несакани ефекти)…некој може да реагира и на краставица….оксилати има во спањак, кељ, па и оваа храна може да предизвика несакан ефект. Изборот на храната треба да биде прилагоден на Вас.
3.Ревидидирајте го внесот на макронутритиенти…масти, протеини и шеќери…да постигнеме метаболна флексибилност и рамнотежа. Да пробаме барем периодично да го лишиме нашето тело од шеќери. Да престанеме да внесуваме готови шеќери, и поради кои се јавува инсулинска резистенција. Самиот организам го користи и активира шеќерот, а кога имаме вишок на шеќери…. не се согоруваат и мастите и протеините.
Недоволен внес на протеини и есенцијални масти, е честа причина за нарушување на здравјето. Протеините се најважниот макронутритиенти. Поради недостаток на протеини се создава недостаток на мускулна маса, посебно важно по 40/тата година. Мускулите ги држат коските и скелетот.
За поголем фокус, движење, работа и когнитивни активности важни се протеините. А особено е важно да внесуваме колаген преку суплементи, како најважен протеин.
- Да го вратиме редовното постење во исхраната…исхрана каде во одредени периоди нема да внесуваме храна. Сите наши органи бараат одмор, кога нема да мораат да ја обработуваат храната, и така се прочистуваат
5.Внесете повеќе боја во исхраната…преку различно овошје, зеленчук. Кои се и одлични антиоксиданси.
6.Редовно внесување пробиотици и пребиотици
7.Консумирајте храна која е добра за вашите гени
- Внесувајте суплементи, кои не можеме да ги внесеме од храната а се основни за имунитетот, како Д3 и Омега 3.
9.Внес на вода! 2 до 3 литри дневно, да не чекаме да ожеднуваме.
10.Да бидеме физички активни и редовно да спиеме