За време на викендот и тоа по брзиот снежен бран кој во текот на утрешната ноќ ќе ги зафати западните и северозападните предели од Македонија, ќе имаме многу повеќе сонце и стабилно и суво време. Наутро и тоа поради разведрувањето ќе биде многу студено со минимални температури кои насекаде во Македонија ќе се спуштаат под нулата, па ќе има појава на умерен до јак мраз.
Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -8 до -1 степен, додека во повисоките места, планините и на Скијачките центри температурите ќе се спуштаат до околу -10 степени.
Во Скопје за време на викендот наутро температурата ќе се спушти до околу -3, -4 степени.
Преку денот пак температурите во сабота ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 10 степени, со исклучок на планинските места и на Скијачките центри, каде постојано ќе бидат под нулата, а во недела максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 10 степени, во Скопје до околу 7 степени.
Метео прогноза на Славчо Попоски