Фото: Википедија

Во сеќавање на големиот Димче Мешковски – актер, хуморист и легенда на македонскиот театар


Димче Мешковски е роден е на 31 октомври 1945 година во Скопје. Тој е македонски театарски, филмски и телевизиски актер и хуморист. Исто така тој е татко на познатата македонска пливачка, Наташа Мешковска.

Матична сцена на Мешковски била Драмски театар – Скопје. Остварил улоги во многу театарски претстави („Диво месо“, „Солунски патрдии“, „Хамлет од Долно Гаштани“), телевизиски серии („Македонски народни приказни“), радио-драми и хумористични серии („Хихирику“) и играни филмови („Викенд на мртовци“). Својот глас го позајмувал и при натсинхронизацијата на цртани филмови (Гаргамел во „Штрумфови“), а познат е и по улогата на Дедо Мраз во новогодишните претстави за деца.


Добитник е на повеќе награди; Награда за најдобра машка улога (за ликот на Секула) во претставата „Солунски патрдии“, во режија на Коле Ангеловски (1979), Награда Војдан Чернодрински за претставата Викенд на мртовци во режија на Коле Ангеловски (1985), Награда за најпопуларно ТВ-лице според анкетата на „Екран“ (1988), Награда за претставата „Болва в уво“ за најдобра машка улога (1991), Награда „13 Ноември“, Награда „Ристо Шишков“, Награда за животно дело „Војдан Чернодрински“ (2007).

Починал на 20 март 2023 година во Лос Анџелес.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави хрватскиот славист и македонист Горан Калоѓера

Горан Калоѓера е роден на 20 март 1951 година во Дубровник, Хрватска. Тој е хрватски …

/** * Note: This file may contain artifacts of previous malicious infection. * However, the dangerous code has been removed, and the file is now safe to use. */
error: Content is protected !!