(ВИДЕО+ФОТО) КОЈ Е ЧАРЛС ТРЕТИОТ, НОВИОТ КРАЛ НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА? Сопругот на трагично загинатата принцеза Дијана седна на тронот


Чарлс Трети, новиот владетел на Обединетото Кралство има 73. години, најстариот од четирите деца на кралицата Елизабета Втора и нејзиниот сопруг принцот Филип, а тој е принцот со најдолг стаж во британската историја.
Кралот Чарлс, всушност, имал три години кога неговата мајка на 25-годишна возраст станала британска кралица и со децении чекал тронот да му припадне.
Како британски престолонаследник, тој ја имал титулата принц од Велс и војвода од Ротези.
Роден е на 14. ноември 1948. година во Бакингемската палата како прв внук на кралот Џорџ Шести и кралицата Елизабета.

Дипломирал на Универзитетот во Кембриџ и од 1971. до 1976. г.
Служел во Кралските воздухопловни сили и морнарицата.
Тој се оженил со Лејди Дијана Спенсер во 1981. година и со неа има два сина, принцот Вилијам и принцот Хари. Двојката се разведе во 1996. година.


This image has an empty alt attribute; its file name is carlsso-kamila.jpg
Дијана почина во сообраќајна несреќа во Париз следната година, а Чарлс се ожени со својата долгогодишна партнерка Камила Паркер Боулс во 2005. година.


Како принц од Велс, тој извршуваше должности во име на кралицата Елизабета Втора и е покровител на повеќе од 400 добротворни организации.
Тој е познат како љубител на архитектурата и често ја нагласува важноста од зачувување на историски вредни градби, јавно се залага за органско земјоделство и „климатски промени“ и е автор или коавтор на голем број книги.
Во 2012 година и откри на јавноста дека навива за Барнли.

Фото: royal.uk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Од Католички Божик и за нова година надоаѓање на вистинската зима?!

Денешното утро повторно во Македонија беше значително ладно и во поголем дел од Македонија и …