(ВИДЕО) Го има во секоја кујна – Ќе ви го олесни секојдневието: Еден производ за чистење ќе спречи замаглување на вашите очила

Постудените денови можат да гонервираат секој кој носи очила, бидејќи секој ден ќе се бори со бришење на стаклата. Сепак, постои едноставно решение кое ќе спречи замаглување.
Експертот за чистење Ен Расел открила трик кој ќе ви помогне да спречите замаглување на стаклата, користејќи секојдневни производи што ги имаме дома.
Замаглувањето на стаклата е особено фрустрирачко за оние кои штотуку почнале да носат очила, па експертот Ен Расел решила да му помогне на следбеникот на нејзиниот профил на TikTok.
Имено, корисник на TikTok ја прашал како да избегне замаглување предизвикано од нагли промени на температурата, како готвење или влегување во потопла просторија.

@annrussell03 Replying to @Hannahthepineapple3087 ♬ original sound – Ann Russell She/Her


Експертот објаснил дека користењето на обичен производ за домаќинство за полирање на очилата ќе го спречи нивното замаглување. Таа истакнала и дека овој трик функционира и со огледала.
Сè што треба да направите е да ставите капка детергент за миење садови на двете страни од стаклата и сето тоа да го исполирате. Потоа избришете со многу чиста крпа од микрофибер или хартиена крпа.
Сепак, некои луѓе во коментарите предупредиле дека не треба да го користите овој трик бидејќи може да ви ги изгребе очилата. Не треба да користите детергент за миење садови ако носите очила со антирефлектирачки слој. Исто така, се советува да избегнувате хартиени крпи бидејќи тие можат да го изгребат стаклото, а дека подобра опција е дефинитивно крпа за очила или обична памучна маичка.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Проекција на „The Matrix Revolutions“ третиот и завршен дел од трилогијата утревечер во Кинотека

Во Кинотека на Македонија, утревечер, со почеток во 20:00 часот, ќе биде прикажан „The Matrix …