Памела Андерсон нè врати во минатото, во времето кога се негуваше стариот холивудски стил, а ние признаваме дека изгледа совршено во избраната креација.
Познатата Памела Андерсон, која со децении ја држеше титулата секс симбол и од која многумина очекуваа нешто сосема поинакво во нејзината старост, наместо драстичната одлука да се посвети на природен изглед, повторно ни покажа дека природното и стилското е всушност најубавото нешто кај секоја жена.
На промоцијата на нејзиниот нов филм „Голиот пиштол“ во Њујорк, таа се појави во многу женствено издание, елегантна и полна со самодоверба, а ние ќе додадеме – среќно заљубена во својота колега.

Таа нè потсети на златното доба на Холивуд облечена во темно син сатенски фустан со потписот на Том Браун. Фустанот има А-линија, е долг до подот и е украсен со детаљ во форма на брош Пандора, рачно изработен специјално за оваа пригода.
Сè почесто ја гледаме како носи ракавици на вакви настани, па дури и сега имаше црни, мрежести, што дополнително го евоцираа духот на минатото.

Памела Андерсон останува доследна на својата одлука да не носи шминка, па блесна во сосема природно издание без да ја отстрани препознатливата насмевка од лицето. А нејзината нова фризура беше во духот на минатото, а дискретните обетки Пандора совршено се вклопуваат во оваа облека.

Секако за ова среќно и совршено издание на Памела Андерсон придонесе и колегата Лиам Нисон, а како можете да погледнете во фотките и видеата подолу:
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram
ekran платформа за слободоумни