(ВИДЕО+ФОТО) СЕ ИМА СЕ МОЖЕ – ЧОЛА ОДБИЛ 50.000 ЕВРА: Тој НЕ се согласува на ова!


ЗДРАВКО ЧОЛИЌ одбил бројка од 50.000 евра за да пее во црногорски клуб, бидејќи настапот започнувал час и половина по полноќ, што било доцна за музичката легенда – Но, ова не е прв пат!
Здравко Чолиќ има толку завидна и успешна кариера што може да избере дали, каде и за колку пари ќе пее. Не сака ништо да му го наруши мирот и сонот, па затоа не ги прифаќа тие настапи што почнуваат доцна навечер.
Иако можел да стави 50.000 евра во својата каса, тоа немало да направи голема разлика во салдото на неговата банкарска сметка.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Zdravko Čolić (@zdravko.colic)


– Чола неодамна бил поканет да пее во Црна Гора, но тој одбил. Му понудиле 50.000 евра, колку што чинел неговиот настап, но тој не прифатил. Не му одговара да го започне настапот во 1:30 часот по полноќ. Тие 50.000 евра нема многу да влијаат на неговата банкарска сметка поради што и не морал да ја прифати оваа понуда. Што би се рекло – се има, се може. Инаку, тука се зборува дека сопствениците на клубот не се откажуваат и дека се надеваат дека ќе успеат да најдат компромис со Чола, за да настапува за нив до крајот на сезоната. Во претходните години, тој прифаќаше понуди, но оваа година го промени тоа – изјавил извор за српските медиуми претходно.


Чола наплаќа „високо“ за својата минута, но за разлика од неговите колеги, тој нема посебни услови, туку само неколку барања. Кога станува збор за приватни прослави, Здравко бара сцената да се подигне од подот за гостите да не му се приближуваат премногу додека пее, да нема нарачување песни или фотографирање со гостите.

Колку за дополнителна информација пред многу години еден клуб во Франција му понудил на Здравко Чолиќ (во времето кога не беше толку „богат“) 10.000 марки не за да настапи туку само да биде сжгостин во нивниот локал. Популарниот Чола ја одбил таа понуда без никакво објаснување.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Каде ти – таму јас: Песна за љубов што не се откажува

Песната „Каде ти – таму јас“ на групата Коктел е емотивна приказна за љубов што …

/** * Note: This file may contain artifacts of previous malicious infection. * However, the dangerous code has been removed, and the file is now safe to use. */