Секој ден е уште поубав кога ќе добиете информација дека некој Македонец постигнал успех со кој не само што тој ќе се гордее туку и целата нација. А току такво пријатно изненадување ни приреди Игор Јакимовски од 34. балканско атлетско првенство за ветерани.
„34то балканско атлетско првенство за ветерани, Вараждин, Р.Хрватска 🇭🇷
Категорија М45+., дисциплина 800м, време 02.24.19, освоено 2ро место.
Вкупно мој 18-ти медал на ветеранските атлетски првенства во изминатите 5 години и јубилејно 10. сребро покрај две злата и шест бронзи.
Денес трчав малку резервирано и претпазливо бидејќи сеуште имам последици од вчерашната незгода и повреда, но мораше и во таква состојба да се нагази за да се стигне до медал кога се трча во светиот дрес.
Ви благодарам на сите за големата поддршка и Ви ветувам утре ново гинење за сите Вас и нашата Македонија 🙏🇲🇰❤️“, напиша Игор Јакимовси на неговиот профил на Фејсбук.
Спортот е убав, спортот е здравје а и во ветерански води може да донесе до успех. Игор МЦ Јакимовски е пример за тоа.
Фото: Принтскрин/Facebook
ekran платформа за слободоумни