Велигденски пост: Се пости за да се зајакне духот и за да се претпочита духовното над телесното

Велигденскиот пост е најстрогиот пост на Црквата. Тој трае седум недели. Годинава велигденскиот пост трае од 5 март до 20 април.
Православните верници од среда започнуваат со Велигденскиот пост што ќе трае шест недели до празникот Воскресение Христово – Велигден. Велигденскиот пост е најстрогиот пост на Црквата.
Велигденскиот пост започнал од две причини и со две цели: да се подготват оние што требало да бидат крстени на Велигден, а кои во текот на постот биле поучувани во верата и во христијанскиот живот и биле огласени за крштение, а крстените да се подготват за Велигден – за Воскресението Христово, за празникот што претставува основа на верата.

Постот како лек и за телото и за душата
Велигденскиот пост е најстрогата форма на постење. Има неколку правила кон кои верниците треба да се придржуваат за време на постот.


Во Велигденскиот пост не се прават свадби, ниту се дозволува венчавање. Телесниот пост значи воздржување од месо, млеко, јајца и производи со нив, односно од сè што содржи месо, млеко и јајца, а во одредените денови, воздржување и од масло и од вино. Храната во овој период е доминантно од растително потекло.


Иако, само во сабота и недела е дозволена храна со масло (зејтин), а во другите денови без масло, сепак, има и ублажување на постот, кога е тоа потребно. Ако е човекот болен, слаб и немоќен, може да добие благослов, да пости со зејтин, млеко и риба. Тоа се однесува и на малите деца до 7 години, но и на длабоката старост, како и за луѓето во посебни услови и состојби, како што се болестите, затворите, армијата, војните, бремените, леунките, доилките, патниците и сл.
Во таквите случаи постот може да се ублажи. Благословот за тоа се добива од православен свештенослужител. Од постот не се ослободува, туку тој се олеснува. Никако не се допушта да се јаде месо за време на пост.


Пост и диета
При определувањето на телесниот пост треба многу да се внимава. Постот не е диета. Неговата цел и задача е друга. Не се пости за да се слабее, туку за да се зајакне духот и за да се претпочита духовното над телесното. Но, се разбира, тоа воздржување во текот на постот може да придонесе и за зацврстување на волјата и за решеноста да се храниме поумерено и поздраво.

Добро е да се користи разновидна храна и за време на постот.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Нив треба секогаш да ги држите покрај себе, таму се и кога е најтешко: Најверните пријатели се родени во овие хороскопски знаци

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …