Денеска се празнува Света Теодора

Света Теодора

Грчка царица, сопруга на злобниот иконоборен цар Теофил. По смртта на овој цар царицата Теодора се зацари со својот син Михаил III. Веднаш го воспостави иконопочитувањето на Соборот во Цариград во 842 година. Во таа прилика беше востановено и празнувањето на победата на Православието коешто оттогаш се врши во првата недела на Чесниот пост. Оваа света, за Црквата заслужна жена, Му ја предаде својата душа на Бога на 11 февруари 867 година. Во тоа време на потполно торжество на Православието над сите ереси, според прекрасната Божја Промисла меѓу Словените беа испратени Светите браќа Методиј и Кирил како христијански мисионери.


Тропар
Блажена си ти, Теодоро, слугинко на Бога Вишниот, која Ликот Божји и Неговите угодници на светите икони ги почитуваш, блажена си заштитнице на Православната вистина, која народот во спасоносната вера го поведуваш, блажена си и за своето трпение, кое нам како пример ни го оставаш, со кое Христа треба да Го дочекаме во висините.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Поврзаноста на гените и болестите. Научни согледувања на Д-р Роберт Јаневски на платформата #НаучноДокажано со Дрвошански.

Интересна е поврзаноста на генетиката и болестите. Дали е заблуда дека болестите се наследуваат со …