Стигнува Баба Марта со нагла промена на времето: Македонија на удар на многу ладен бран, ќе донесе снег!

Поради продор на многу поладен бран од север, денес (понеделник 17 март) навечер и ноќта кон вторник (18 март) и во вторник врнежите кои ги очекуваме полека ќе преминуваат во снег и во градовите, особено во западната половина од државава и ќе се формира снежна покривка, најпрвин во повисоките населени места, планините и на Скијачките центри, а потоа и во дел од градовите во западната половина од нашата Република Македонија.

И во повисоките предели од Скопската котлина со овој ладен продор ќе има услови за послаби врнежи од снег, а локално слабо провејување на снег можно е да има и во дел од ниските предели од котлината.


Сето ова ќе биде проследено со засилен до силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).

Овој ладен бран ќе ги спушти температурите за околу, па и за повеќе од 20 степени за разлика од оние кои ги имавме во изминативе денови.


Метео проноза на Славчо Попоски

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Три евтини намирници го намалуваат холестеролот и ни помагаат да добиеме повеќе влакна

БОГАТИ со влакна, протеини, железо и магнезиум, гравот и леќата се меѓу најхранливите и најразновидните …