Шесто издание на Фестивалот на детската креативност „Трамболини“


ЈУ. Детски културен центар „Карпош“ од 27 мај до 3 јуни 2025 година ќе го организира и реализира Фестивалот на детската креативност „Трамболини“. По шести пат фестивалот „Трамболини“ ќе се преточи во неисцрпен извор на креативност, кој преку едукативни и креативни работилници ќе ја развива креативноста, креативните вештини, фантазијата и љубопитноста кај децата со понудените разнолики работилници.

На фестивалот ќе учествуваат деца и млади на возраст од 7 до 17 години, каде ќе совладаат нови техники на креативно изразување на забавен и креативен начин. На овој фестивал децата ќе можат да уживаат во работилници за личен развој, изработка на моден детал од глина, работилница на турски јазик, ликовна изложба, изработка на креативна торбичка, работилница во Музејот на современа уметност насловена како „Временски патници“ и како за крај на фестивалот, публиката ќе има можност да го погледне детскиот мјузикл на македонски јазик „Аладин и духот од волшебната ламба“ во изведна на талентираните членови на Студиото за детски и младински мјзуикли Бродвеј Јуниор од Скопје.


Работилниците се од различни области и ќе се реализираат на различни локации низ Град Скопје.

По шести пат на фестивалот за детска креативност Трамболини ќе гледаме насмеани, среќни и креативни детски лица кои ќе бидат побогати со знаење од областа на културата и уметноста.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) ЛИЧНО ИСКУСТВО – Австриска инфлуенсерка завршила во болница откако била дрогирана и ограбена: „Мислев дека ќе умрам!“

Австриската инфлуенсерка и ријалити ѕвезда Ванеса Марипоса била итно префрлена во болница откако, како што …