Сеќавање: На денешен ден почина еден од најзначајните македонски уметници Томо Шијак

Томо Шијаковиќ-Шијак е роден на 15 март 1930 година. Еден од најистакнатите македонски сликари. Уште од најрана младост кај него се јавил огромен интерес за ликовно претставување на сопствените опсервации.

По завршувањето на средното уметничко училиште во Скопје, студирал ликовна уметност на Академијата за ликовни уметности во Љубљана, а потоа бил на студиски престој во Париз.


Самостојно излагал во Скопје, Белград и Ниш. Учествувал на Биеналето во Сао Паоло (1969) и на Биеналето во Венеција (1978). Имал доста изложби, исто и посмртно, чии дела ги наследил неговиот син Ѓорѓи Шијаковиќ, виш конзерватор.[3] Негова ќерка е глумицата Арна Шијак

Се занимавал со карикатура, илустрација, сценографија, плакат и фотографија. Во неговото творештво се разликуваат неколку фази: посткубизам, апстракција, варијанти на поп-артот и концептуални постапки, кои кон крајот на шеесеттите години резултирале во првите објекти во македонската современа уметност: мусандри и неомусандри. Во нив ги обединил сликарските, вајарските и дизајнерските аспекти. Овој модел на ликовно обликување просторно го применил во ентериерот на зградата на Градскиот комитет во Скопје (1970) и во хотелот „Дрим“ во Струга (1977).


Починал во Скопје на 29 декември 1998 година.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Манекенката која се срамела од својата протетска нога сега инспирира многумина: Не им робува на предрасудите

Манекенката Мараја Херд претходно не се чувствувала пријатно да носи протетска нога. Во меѓувреме, таа …