Лилјана Дирјан е родена во Скопје во 1953 година. Таа беше позната македонска писателка и новинар. Дипломирала на Филолошкиот факултет при УКИМ во Скопје. Била на студиски престој во Париз, како стипендист на Француската влада и Фондацијата Губелкијан.
Дирјан била главна уредничка на списанието „Жена“ и на регионалното книжевно списание „Сараевски тетратки“. Таа е една од основачите на Друштвото на независни писатели на Македонија.
Таа му била сопруга на македонскиот поет, есеист, драмски писател, раскажувач и преведувач Богомил Ѓузел.
Дирјан е авторка на следниве дела:
- Природна појава (Мисла 1980),
- Жива мера (Наша книга, 1985),
- Пелин поле (Мисла 1989), “Champ d’abisinthe”, (на француски јазик), 1996, кај издавачот Est/Quest Internationales, Париз и
- Тешка свила (Матица Македонска 1997).
- Приватни светови (македонски претставник за меѓународната книжевна награда „Балканика“ за 2008 година[4])
- Саѓе врз снегот (2007)
- Три нејзини кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).
Добитник е на наградите „Студентски збор“ (1980) и „Браќа Миладиновци“ (1985). Нејзините дела се преведени на повеќе јазици и застапена е во бројни антологии на македонската современа поезија.
Починала во Скопје на 13 декември 2017 година.
ekran платформа за слободоумни