Сеќавање: 22 години без нашата истакната актерка Тодорка Кондова-Зафировска


Тодорка Кондова-Зафировска е родена на 1 февруари 1926 година во Прилеп. Таа беше истакната македонска актерка и режисерка.

Тодорка завршила Театарска академија во Белград, на Отсекот за режија (1952). Член на драмата во МНТ (1945-1964) и во Драмскиот театар од 1964 година до пензионирањето. Нејзиниот творечки опус е обемен, раскошен според карактерот и димензиите и се вбројува во редот на остварувањата на избраните великани на македонското глумиште.


Таа се искажува како драмска, филмска, радио и телевизиска глумица, режисерка и професорка по глумечко мајсторство на Факултетот за драмски уметности во Скопје, коешто и го потврди со објавениот учебник „Глумечко мајсторство“.

Од нејзината богата филмографија издвојуваме:


1967 Да видам, да видам што да бидам ТВ-серија
1968 Лудиот и калугеррицата ТВ-филм
1971 Земјаци ТВ-филм
1972 Пријатели ТВ-филм
1973 ТВ ребус ТВ Мини серија
1973 Недела ТВ-филм
1975 Волшебното самарче ТВ-серија
1977 Дожливото Сонце ТВ-филм
1977 Итар Пејо
1980 Учителот ТВ-филм
1981 Самотија ТВ-филм
1982 Илинден ТВ-серија
1982 Јагне на ражен ТВ-филм
1984 Нели ти реков ТВ-филм
1984-1987 Случки од животот ТВ-серија
1986 Солунски патрдии ТВ-серија
1988 Викенд на мртовци ТВ-серија
1989 Цвеќе на карпата ТВ-филм
1992 Чудовиштата во нашиот град ТВ-серија

Добитничка е на следниве награди:


  • Награда “11-октомври” (1960) и (1983)
  • Награда Артист на годината според анкетата на “Екран” (1980)
  • Награда на весникот “Дневник” од “Нови Сад” за улогата на царицата во претставата “Јане Задрогаз” (1975)
  • Награда “13-ноември” (1984)
  • Награда за животно дело “Војдан Чернодрински” (1992)

Починала во Скопје на 29 мај 2003 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ХОРОР ВО ХОЛИВУД: Познатиот режисер и неговата сопруга биле пронајдени избодени во нивната куќа, нивните тела се уште се во вилата, полицијата не знае што да прави понатаму

Роб Рајнер и неговата сопруга Мишел Сингер биле пронајдени мртви во нивниот дом, додека нивната …

/** * Note: This file may contain artifacts of previous malicious infection. * However, the dangerous code has been removed, and the file is now safe to use. */