(Рецепт) Никогаш побрзо и повкусно – Сакате нешто слатко, но немате време да го подготвите? За топчињата од кокос ќе ви требаат само 10 минути

Доколку сакате брзо уживање и сакате кокос, тогаш топчињата се одличен избор за десерт. Потребни ви се само неколку состојки и 10 минути подготовка за да уживате во овој едноставен, но вкусен десерт.
Можете исто така да го прилагодите на вашите сопствени преференции, па можете да ги направите без бадеми или едноставно да користите некои други јаткасти плодови што ги сакате.
За овој рецепт ќе ви требаат:
400 грама бело чоколадо
200 милилитри слатка павлака
бадеми
200 грама кокос
Подготовка: Најпрво треба да ги избланширате бадемите за да ја извадите кожичката. Истурете вода во мало тенџере и оставете да зоврие. За тоа време можете да почнете да ја подготвувате и смесата за топчињата.
Имено, додека водата не зоврие, во друго тенџере на тивок оган или на пареа растопете го чоколадото заедно со слатката павлака. Кога се ќе се растопи додадете 100 грама кокос, промешајте и тргнете го тенџерето од оган. Оставете ја смесата да се излади.
Кога водата за бадемите ќе зоврие, ставете ги во водата и оставете ги да се варат точно една минута. Не треба подолго да ги варите бидејќи ќе станат меки. После тоа, исцедете ги и исплакнете со ладна вода. На овој начин ќе го прекинете процесот на „варење“.
Избришете ги со хартиена крпа и нежно исчистете ги бадемите од кожата со прстите. Нека се исушат уште малку. Откако смесата од чоколадо и павлака ќе се згусне, земајте ја саканата количина од смесата, додадете ги бадемите и формирајте топчиња. Секое топче убаво извакајте го во преостанатиот кокос.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Луѓето кои страдаат од депресија се повеќе склони кон овие болести

Покрај неговото влијание врз емоциите и стресот, грижата за вашето ментално здравје може да има …