(Рецепт) Малку поинаков десерт: Подгответе екмек кадаиф

Доколку ви треба идеја тогаш рецептот за екмек кадаиф е идеален за вас. Познат е и како кремаст кадаиф.
Блогерката за храна Армина Мемиќ ги набројала потребните состојки:
200 грама кадаиф
200 грама сечкани ореви
125 грама стопен путер
500 милилитри слатка павлака
500 милилитри млеко
четири лажици шеќер
2 кесички пудинг од ванила
2 шлаг кремови со вкус на ванила
200 мл минерална вода.

За шербетот ќе ви треба 500 грама шеќер, шест филџани вода и една лажичка сок од лимон.


 

View this post on Instagram

 


A post shared by Armina Memić (@memicarmina)


Подготовка: кадаифот распоредете го на тава па додајте ги сечканите ореви, прелијте со путерот. Загрејте ја рерната на 150 степени и печете го кадаифот околу половина час.
Ставете го шербетот да зоврие. После тоа, варете го уште 10 минути. Додадете сок од лимон. Откако ќе се испече кадаифот се чека 10 минути да се излади, па се прелива со шербетот и се остава повторно да се излади.

Кремот ќе го направите така што ќе зовриете 500 милилитри слатка павлака, 250 милилитри млеко и четири лажици шеќер. Пудингот се меша во 250 милилитри млеко и се додава во претходно зовриеното млеко.
Добро измешајте, прелијте со кадаифот и оставете да се излади. На крај додадете го шлагот. Пријатно!

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Макпетрол“ со три медали на првиот ден од Балканското карате-првенство

Јована Мицовска, членка на скопски „Макпетрол“ како дел од македонската репрезентација освои златен медал на …