Промоција на монографијата „Професорот Петре Т. Георгиевски: Социологијата како професија и како вокација“


Утре, 12 декември, со почеток во 18 часот, во мултимедијалниот центар „Матица ексклузив“, книгоиздавателството „Матица македонска“ ќе ја промовира монографијата „Професорот Петре Т. Георгиевски: Социологијата како професија и како вокација“, објавена по повод 85 години живот и 60 години научно-истражувачка работа на истакнатиот професор. Автори на монографијата се научните работници Златко Жоглев и и Ружица Цацаноска.

Промотори на изданието ќе бидат: д-р Драгољуб Б. Ѓорѓевиќ, редовен професор на Универзитетот во Ниш, во пензија, д-р Петар Атанасов, директор на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при УКИМ и д-р Драган Тодоровиќ, редовен професор на Универзитетот во Ниш.


Монографијата содржи детални информации за професорот Георгиевски како пионер и еден од најзначајните претставници на македонската социологија, детална анализа на некои од позначајните негови трудови подготвена од Жоглев и Цацаноска, искази од колешките и колегите на Георгиевски од Балканот и од Европа, како и голем број прилози.

– Да се пишува монографија за личност која не е само професор, туку и човек што оставил трага врз нашиот развоен пат – и академски и човечки – претставува чест, но и одговорност. Професорот Георгиевски не беше само ризница на знаење, туку и личност која умееше да слуша, да постави вистинско прашање во вистински момент, и да инспирира без наметнување. Има нешто исклучително во неговиот начин на предавање, размислување, дискусија – тивка страст, постојана љубопитност и почит кон секој студент, без разлика на нивната почетна позиција, истакнуваат меѓу другото, Жоглев и Цаваноска во предговорот на монографијата.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Битолски театар и Бабец театарот ја воодушевија публиката во Шведска

Екипата на Битолскиот театар со претставата ,,Ако останеш дома” по мотиви на Карој Сакони и …