Промоција на книгата „Му“ од Перица Георгиев


Денес во кафе-книжарницата Буква во Скопје, со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи промоцијата на книгата „Му“ од Перица Георгиев.

Смислата на зборовите е тишината.
Ако тишината биде пропуштена, смислата е изгубена.
Оваа книга не нуди информации, ново учење, доктрина или идеологија.
Таа е манифестација на тишината изразена преку зборови.
Ако ја додадеме кон знаењето со кое се полни умовите – можноста е пропуштена.
Ако се отвориме кон неа, таа може да го испразни умот, да го избистри погледот и да ги прочисти заблудите.
Се појавува ново разбирање. Разбирање што го носи свежиот мирис на невиноста. Мирисот на сегашниот момент – парфемот на вечноста!


Ве очекуваме!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина актерот Лазе Манасков

Со длабока тага македонската театарска јавност се прости од актерот и долгогодишен театарски колега Лазе …