Фото: Википедија

Пристигна новата британска серија „The Death of Bunny Munro“ – телевизиска адаптација на романот на Ник Кејв


The Death of Bunny Munro е британска телевизиска мини-серија од жанрот црна комедија, продуцирана од Clerkenwell Films за Sky Atlantic. Серијата е адаптација на истоимениот роман на Ник Кејв од 2009 година и главните улоги ги толкуваат Мeт Смит, Сара Грин и Рафаел Мате. Мeт Смит и Кејв исто така се извршни продуценти на серијата. Премиерата се одржа на 20 ноември 2025 година.

Серијата ја следи приказната на средовечниот продавач (Мет Смит), кој по самоубиството на сопругата, го води својот син на патување низ Сасекс, додека во исто време во областа се појавува сериски убиец.


Улоги и ликови:

Мeт Смит како Бани Мунро
Сара Грин како Либи
Рафаел Мате како Бани Џуниор
Јохан Мајерс како Пудл
Роберт Гленистер како Џофри
Алис Фитом како Ивон
Дејвид Трелфал како Бани Мунро постариот
Линдсеј Данкан како Дорис Пенингтон
Елизабет Беринтон како Шарлот Парновар


Во мај 2023, Ник Кејв објави дека се подготвува адаптација на неговиот роман. Во ноември 2023 беше објавено дека серијата ќе има шест епизоди и Мeт Смит ќе ја толкува главната улога. Сценариото е адаптирано од Пит Џексон, додека серијата е режирана од Изабела Еклoф. Мeт Смит и Ник Кејв се извршни продуценти, заедно со Манприт Досанџ, Петра Фрид, Ед Мекдоналд, Емили Харисон и самата Еклoф. Матеј Мулот е продуцент на серијата.

Главното снимање започна во мај 2024 во јужна Англија на локации во Вортинг, Истбурн, Брајтон и Хоув, сите во Сасекс. Снимањето заврши на 16 август 2024 година.


The Death of Bunny Munro имаше премиера на Sky Atlantic и NOW TV во Обединетото Кралство на 20 ноември 2025 година. На агрегаторот за рецензии Rotten Tomatoes, 86% од 14 критики се позитивни.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Не е сè во изгледот – Овие квалитети на мажите се сметаат за неодоливи од жените

Мажите често се прашуваат што навистина ги привлекува жените, а одговорот на ова прашање е …