Прес-конференција на Влатко Стефановски по повод најавените концерти со кои ќе одбележи јубилејни 50 години музичка кариера


Вчера во „Аудиокултура“, пред медиумите и публиката, Влатко Стефановски одржа прес-конференција по повод најавените концерти кои ќе се одржат на 9ти и 10ти мај во Македонска Филхаромонија.

После распродадени концертни сали во Лондон, Виена, Осијек, Загреб и Белград, Влатко Стефановски, познатиот виртуоз на гитара, со концерт со пријателите ќе го заокружи и одбележи 50-годишниот јубилеј на кариерата, во Македонската Филхармонија. Концертот ќе биде пресек на неговата долга и успешна музичка кариера, почнувајќи од „Леб и сол“ до неговата соло кариера.


Феноменалните изведби на Влатко ќе бидат надополнети со познати гости. Публиката ќе ужива во спој на инструментален рок, етно-џез, блуз и македонска традиционална музика.

Влатко Стефановски е роден во 1957 година во Прилеп, во уметничко семејство. Почнува да свири гитара во своите тинејџерсаки години.Првиот значаен успех го постигнал како член на култната група „Леб и сол“, која беше пионер во комбинирање на традиционалната македонска музика со модерен рок звук. Преку работата со „Леб и сол“, Стефановски стана препознатлив по неговата извонредна техника на гитара и креативен пристап кон музиката. По распадот на групата „Леб и сол“, Влатко се посвети на самостојна кариера и објави бројни албуми кои го одразуваат неговиот широк музички опус. Неговата соло кариера опфаќа различни музички жанрови, истражувајќи области како џез, блуз, етно-музика и акустична гитара. Соработката со врвни музичари ширум светот дополнително го збогати неговиот музички израз. Работи музика за театар и филм. Наградуван и признат, Влатко Стефановски е добитник на македонската државна награда за животно дело во културата и уметноста „11 Октомври“. Покрај тоа, тој доби почесен докторат по уметност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, потврдувајќи го неговиот значаен придонес на светската музичка сцена. Неговата страст кон музиката не само што ја обликуваше неговата кариера, туку остави и траен белег во музичкото наследство на регионот.


Бидете дел од ова исклучително музичко доживување.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Нема жена како тебе“ – нов сингл и видео на Јоце Панов

Нашиот познат поп пејач Јоце Панов ја претстави својата најнова песна „Нема жена како тебе“, …