Објавени се добитниците на државната награда „11 Октомври“


Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ на седницата одржана на 11.9.2024 година донесе одлука за годинашни добитници на највисокото признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.

За животно дело во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на: Љупчо Каров, мултимедијален уметник; Владимир Темков, академски сликар; Јовица Михајловски, драмски актер и продуцент.


Наградата „11 Октомври“ за животно дело во областа на науката му се доделува на проф. д-р Марко Китевски, истражувач на македонскиот фолклор.

Претседателка на Одборот за доделување на наградата „11 Октомври“ е проф. д-р Елена Јованова-Грујовска.
Државната награда се врачува во Собранието на РМ на 11 Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На денешен ден во 1966 година: Џими Хендрикс го објави својот прв сингл „Hey Joe“

На 16 декември 1966 година беше објавен првиот сингл на Џими Хендрикс, легендарната „Hey Joe“, …