Фото: принтскрин Инстаграм

Нова улога, иста магија – Антониа Гиговска станува амбасадор на женскиот ракомет!


Нашата позната поп-изведувачка Антониа Гиговска пред еден час ја сподели возбудливата вест дека станува новиот бренд амбасадор на Женскиот ракометен клуб „Атлетик“. Во својата објава на Инстаграм, Антониа ги истакнува силата, енергијата и убавината на жените:

„Како ЖЕНА, МАЈКА, СЕСТРА, ЌЕРКА знам колку значи женската енергија, женската сила, женската љубов… посебна е, грижлива е, јакa е, моќна е! Баш таква сила претставуваат овие девојки, тие со својата убавина и љубовта кон ракометот, а јас љубовта кон музиката, па некогаш во минатото и љубовта кон ракометот. Јас имам таа чест да ја претставувам оваа женска сила и официјално да бидам новиот бренд амбасадор на Женскиот ракометен клуб Атлетик.


Барем сега имаат плус играч во тимот, може сум заборавила малку, ќе ме потсетат

Ветувам дека ќе се борам за вас и со вас!


Фала ви до небо што ме одбравте баш мене!

Ве сака, Антониа“


Со оваа соработка, Антониа ги спојува својата љубов кон музиката со поддршката на спортот и ја покажува својата посветеност кон заедницата и женската енергија. Ова е уште една потврда за нејзината разновидност и влијание, како на музичката сцена, така и во спортскиот свет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) НА ШИРОКИТЕ ФАРМЕРКИ ИМ ДОШОЛ КРАЈОТ: Амал Клуни се појавила во модел кој ќе биде апсолутен хит оваа пролет

Амал Клуни во хит фармерки најавува нов моден тренд… Амал и Џорџ Клуни присуствувале на …