Фото: Принтскрин Јутуб

Нокаут со нов сингл – „Сонценце“: Топла музичка прегратка во најстудениот месец


Групата Нокаут им го подари на своите фанови најновиот сингл „Сонценце“, песна која носи топлина, надеж и позитивна енергија во студените декемвриски денови. „Дури и кога е студено, секој од нас заслужува свое сонце“, порачуваат од бендот во својата официјална објава.

„Сонценце“ е создадена од проверената екипа која стои зад бројните хитови на бендот:


Музика: Никола Перевски
Аранжман: Дарко Димитров / Никола Перевски
Текст: Игор Џамбазов
Снимање: Студио „NK Production“ – Скопје
Финален микс, постпродукција и мастеринг: Дарко Димитров
Продукција: Стидио – Димитрови

Комбинацијата од авторските потписи на Перевски, Џамбазов и Димитров уште еднаш резултира со емотивна, препознатлива и современа музичка изведба.


Видеоспотот за „Сонценце“ е целосно анимиран, што му дава уникатен визуелен идентитет и топла атмосфера. Режијата, сценариото и монтажата се дело на Никола Перевски.

Со „Сонценце“, Нокаут уште еднаш потврдува дека останува едно од најпрепознатливите имиња на македонската поп-рок сцена, бенд кој секогаш успева да креира песни што допираат до слушателите.


Уживајте во песната и спотот!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДОСТА СТРАДАЛЕ: Почнувајќи од вчера, започнува периодот на преродба за 3 хороскопски знаци – тие ја преземаат контролата и нивната самодоверба се враќа

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …

/** * Note: This file may contain artifacts of previous malicious infection. * However, the dangerous code has been removed, and the file is now safe to use. */