НАЈШАРМАНТЕН ХОРОСКОПСКИ ЗНАК: Сите ги забележуваат


*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Постојат луѓе кои не мора да прават ништо посебно за да ве освојат. Тие не се најгласните во просторијата, ниту највпечатливите, но сите ги забележуваат.
Од сите хороскопски знаци, само еден има нешто необјасниво во себе – начинот на кој ве гледа, начинот на кој слуша, начинот на кој се смее. Тоа нешто зрачи одвнатре и останува со вас.

Не освојува со сила, туку со леснотија, присуство и автентичност. И токму таков знак е особено шармантен, а зборуваме за Терезија.


Терезиите имаат вродено чувство за убавина, хармонија и социјална финеса. Тие умеат и знаат како да се однесуваат во секоја ситуација, избираат зборови со леснотија и секогаш оставаат впечаток на пријатна личност. Со Терезијата, луѓето се чувствуваат видени, прифатени и ценети, и тоа е вистински шарм.
Тие не се агресивни, не бараат внимание, но секогаш го добиваат сепак. Без разлика дали станува збор за пријателство, работа или љубов, Терезиите имаат способност да ви се „протнат“ под кожа бидејќи се топли, духовити и пријатни.

Нивниот шарм не е само во изгледот, иако често зрачат со естетика. Тој доаѓа од начинот на кој зборуваат и ги слушаат другите околу нив. Кај Терезиите, сè изгледа лесно и затоа луѓето ги бараат, ги сакаат, ги паметат.


Фото: Pixabay

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

РОДИТЕЛИ ВНИМАНИЕ: Децата кои добиваат премногу подароци подоцна имаат 3 проблеми!

Истражувањата покажуваат дека материјализмот е поврзан со пониско ниво на среќа, а овие шеми се …