Фото: Википедија

„Mother Mary“ – Новиот мрачен психолошки трилер со Ен Хатавеј во главната улога


Студиото A24 подготвува уште една филмска сензација. „Mother Mary“ e новиот психолошки трилер, во режија и сценарио на Дејвид Лоури, еден од најоригиналните современи автори. Филмот пристигнува во април 2026 година, а веќе се смета за еден од најочекуваните проекти на годината.

„Mother Mary“ ќе ја следи психосексуалната врска помеѓу поп-ѕвездата Мери и модната дизајнерка Сем, кои повторно се спојуваат кога Мери ѝ се обраќа со барање да ѝ дизајнира фустан за нејзината нова турнеја. Она што започнува како уметничка соработка бргу се претвора во опасен лавиринт на желба, контрола и лични демони.


Филмот носи исклучително моќна актерка екипа:

Ен Хатавеј како Mother Mary
Микаела Коел како Sam Anselm
Хантер Шефер како Hilda
Сиан Клифор како Jade
Атиена Фризел како Emily
Каја Гербер
Џесика Браун Финдлеј како Теса
Исаура Барбе-Браун како Kyla
Алба Баптиста


Комбинацијата од драмска сила, музичка авангарда и визуелна провокативност го прават „Mother Mary“ проект со уникатна енергија.

Освен оригиналната композиторска работа на Даниел Харт, филмот вклучува и нови песни од Jack Antonoff и Charli XCX, што укажува дека музичкиот сегмент ќе биде огромен дел од атмосферата. Дополнителна оригинална песна создава и FKA Twigs, која воедно има и актерска улога.


Проектот беше објавен во март 2023 година, а снимањето започна во Германија истата година. На 20 јули 2024, Ен Хатавеј официјално потврди дека снимањето е завршено.

„Mother Mary“ ќе биде објавен во кината во април 2026 година, ексклузивно во продукција и дистрибуција на A24.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ПОЧИНАЛ ПОЗНАТ ТИКТОКЕР (31): Полицијата се сомнева дека момчето кое го обожаваа луѓе од целиот свет се самоубило – прошталната порака на неговиот брат ја крши душата

Такер Џанал имал околу 2,5 милиони следбеници на ТикТок, каде што бил познат по своите …