Младата и талентирана пејачка Јована Лалчевска го објави својот најнов сингл „Ме предаде“, придружен со визуелно впечатлив музички спот кој, само еден ден по премиерата, ги добива првите позитивни реакции од публиката. Со современ звук, силна емоција и искрен вокален израз, Јована уште еднаш покажува дека е едно од најперспективните имиња на македонската музичка сцена.
Текстот за „Ме предаде“ го потпишува Весна Малинова, која заедно со Јована учествува и во создавањето на музиката. Аранжманот претставува заедничко авторско дело на Малинова и Лалчевска, што му дава препознатлива креативна динамика на делото. За прецизниот и модерен sound mix се погрижи Ивица Јанкуловски, додавајќи финален професионален печат на песната.
Во изведбата на песната учествува цел бенд, создавајќи жив и автентичен звук: на пијано е Емануел Петрески, на делни Љубен Маџиров, на гитара Михаил Јагуриноски, а на бас Емил Ејупи. Нивното музицирање внесува дополнителна длабочина и емоција во нумерата, со што дополнително ја истакнува и ја збогатува гласовната изведба на Јована.
Видеото е снимено од Rafajlov Limited, а монтажа е дело на FM17, создавајќи професионален музички спот со минималистички, но моќен визуелен стил. Покрај тоа, снимено е и видео за англиската верзија на песната.
Следете ја Јована на социјалните мрежи за сите новости, настапи и идни проекти, а подолу уживајте во нејзината нова песна.
ekran платформа за слободоумни