Изложба на дела од Владимир Младеноски – одбележување на пет децении ликовно творештво


Со изложба на слики, авторот Владимир Младеноски одбележува пет децении ликовно творештво. Изложбата ќе биде отворена вечерва во фоајето на Центарот за култура во Струга, со почеток во 19:30 часот.

Тој се претставува со 20тина ликовни дела со мотиви од Струга и Струшко и родното Подгорци: портрети, пејзажи, мртва природа и староградска архитектура. Сите изложени дела се со маслени бои на платнени подлоги и имаат впечатливо лапидарна колористика, непроѕирност од складни преливи, најчесто од црвени, жолти, зелени и сини партии.


Во делата на овој македонски сликар, роден во струшкото село Подгорци, пулсира родниот крај каде се овековечува блесокот на боите со сета природна раскош и божја убавина. Студиозно им приоѓа на просторите, објектите, предизвиците и осмислено ги актуелизира најскапоцените и најсуштествените пораки и факти пренесени на платно.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина актерот Лазе Манасков

Со длабока тага македонската театарска јавност се прости од актерот и долгогодишен театарски колега Лазе …