Изложба „Моменти“ на Марта Патлиџанковска во Македонскиот КИЦ во Софија

„Моменти“ е насловот на изложбата на младата ликовна уметница Марта Патлиџанковска која беше отворена вчера (13 март), во 18:30 часот, во галеријата на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија.

Во рамките на изложбата беа претставени сликарски платна во голем формат, работени во комбинирани техники, во кои доминира експресија на бојата.


Делата претставени на изложбата се настанати во последните две години од творештвото на уметницата, која е целосно фасцинирана од феноменот на бојата и токму преку неа се обидува да нѐ внесе во својот сликарски универзум.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Во кината пристигнува во јуни – Објавен трејлер на филмот на Apple со Бред Пит во главната улога, за Формула 1

На видео сервисот YouTube е објавен трејлерот за филмот „Формула 1“ на Apple, кој во …