Фото: www.facebook.com/photo?fbid=122230320194122852&set=a.122094455606122852

Големата Вода и Персеида вечерва ќе настапуваат на Pirit Fest во Митровица!


Третото издание на Pirit Fest ќе се одржи денес во клубот Mitrovica Rock School, а првата вечер ќе ја обележат и два македонски бенда Големата Вода и Персеида.

Pirit Fest е фестивал формиран со цел да создаде простор за млади и нови алтернативни бендови од регионот – место каде што уметниците можат да ја изградат својата публика, да соработуваат и да се развиваат надвор од локалните граници. Настанот промовира размена на идеи, музички стилови и енергии меѓу различни градови и сцени, а особено се фокусира на поддршка на неискусни, но талентирани музичари кои се пробиваат на сцената.


Големата Вода е четворочлен состав оформен во 2024 година, кој бавно, но сигурно станува препознатлив по својот суров, енергичен и носталгичен звук. Нивните хипнотички рифови и директни текстови ја носат енергијата на Скопје – гласна, искрена и подготвена да избувне. Нивниот последен настап беше на фестивалот Андерфест на почетокот на овој месец.

Персеида, познати по својот густ, емотивен и сонливо-меланхоличен шугејз звук, ќе ја претстават скопската алтернативна сцена во нејзино најатмосферично издание.


Покрај нив, настапуваат и бендовите Znam и Manitu, што ја заокружуваат разноликата и моќна прва фестивалска вечер.

Македонската алтернативна сцена вечерва добива место под светлата на Митровица и навистина вреди да се чуе.


Сите што се можност, се поканети да дојдат, да ја поддржат македонската алтернативна сцена и да ги видат Големата Вода и Персеида во најдобро светло – на една сцена што расте, се обединува и спојува.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Не е сè во изгледот – Овие квалитети на мажите се сметаат за неодоливи од жените

Мажите често се прашуваат што навистина ги привлекува жените, а одговорот на ова прашање е …