Ѓоко Јовиќ и „Енерџи Бенд” заглавени на аеродром во Бугарија!

Популарниот македонски пејач, Ѓоко Јовиќ и колегите од неговиот „Енерџи Бенд” со часови се заглавени на аеродромот „Аеродром Софија” во соседна Бугарија.

Имено, авионот Airbus A320-232 кој полета во 9:35 часот утрово од Базел, Швајцарија, требаше да слета на Меѓународниот аеродром во Скопје во 11:45 часот, но најверојатно поради голема магла истиот некое време кружеше над Скопје, а потоа беше пренасочен кон соседна Бугарија и слета на тамошниот „Софија Аеродром”.


Претставници на компанијата со која летале пејачот Ѓоко Јовиќ и момците од „Енерџи Бенд” ги информирале дека ќе обезбедат организиран превоз за да тие заедно со сите патници од авионот да си дојдат дома, во Скопје.

Сепак, и покрај поминати 2 часа, тие се уште се на аеродромот во Софија и го чекаат ветениот превоз.


Тие се враќаат од работен ангажман во Швајцарија каде заедно со илјадници Македонци и луѓе од целиот Балкан кои живеат таму ја дочекаа новата 2025та година.

Инаку, како потсетување, Ѓоко и момците од „Енерџи Бенд” неодамна го промовираа најновиот патриотски филм кој е симфонија од патриотски песни и играна програма.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Свети Наум Охридски

Свети Наум Охридски е една од најзначајните фигури во историјата на словенската писменост, христијанството и …