(ФОТО) НЕГОВИОТ ТАТКО И БРАТ СЕ МИЛИОНЕРИ, МАЌЕТА Е ЛЕГЕНДА, ТОЈ ЗАВРШИЛ НА УЛИЦА: Сите наоѓаат неубедливи изговори, а тој е во сè полоша и полоша состојба!


Џес Бролин живее на работ на егзистенцијата и неговото здравје е сериозно загрозено
Едниот брат живее во вила од 7,1 милион долари, другиот едвај врзува крај со крај и е буквално на работ на егзистенцијата. Нивниот татко е милионер оженет со милионерка и една од најбогатите ѕвезди во светот. Таа разлика ги тера многумина да се прашуваат зошто семејството не му помага на Џес Бролин.
Џес Бролин (53) бил фотографиран неодамна во градот Охај, Калифорнија, како чека бесплатен превоз. Неговото здравје е видливо нарушено, има прекумерна тежина (158 кг), се бори со бездомништво и финансиски колапс, кои продолжуваат да го прогонуваат.


Неговиот брат, познатиот актер Џош Бролин (57), живее во Монтесито во мултимилионска вила што ја купил минатата година. Неодамна бил забележан како шета низ градот и ужива во својот омилен пијалок.
Откако имотот што му го оставила на Џес Бролин неговата покојна мајка, актерката Џејн Камерон Ејџи, бил потрошен, тој станал бездомник и од 2011 година живее во пикап од 1981 година.
Кога камионот се расипал три години подоцна, тој завршил на улица. Луѓето го виделе како бара храна во контејнери.

Два сина на холивудска легенда: едниот милионер, другиот бездомник


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)

Џес и Џош Бролин прво пораснале на ранч во Пасо Роблес, а потоа во вила во Санта Барбара. Постариот брат постигнал светски успех глумејќи во филмовите „Одмаздници“, „Мажи во црно“ и „Нема земја за старци“. Неговото богатство се проценува на 45 милиони долари.
Помладиот Џес Бролин глумел во два филма, потоа работел како водител, а потоа доживеал пад. Џош Бролин се женел три пати, од 2016 година бил во брак со актерката Кетрин Бојд Бролин (38), која заработила пет милиони долари, според gistlover.com.
Холивудскиот актер има ќерка, Иден Бролин (31), која, како и него, е актер, и син, Тревор Бролин (37), кој е продуцент. Тој имал деца во бракот со актерката Алис Адер. Тој бил во брак и со Дајана Лејн.
Џес Бролин, по години живот на улица, сега живее во скромниот хотел Топа Виста во сопственост на ноќниот магнат од Лос Анџелес, Стив Еделсон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FinDeLaHistoria (@findelahistoria)

Џош Бролин пушел марихуана на 9 години, ја изгубил невиноста на 11 години
Актерот милоионер во своите мемоари од 2024 година „Од под камионот“ открил дека имал „необично“ детство. Возел мотоцикл на четири години, пушел марихуана на девет, ја изгубил невиноста на 11 години и пробал ЛСД на 13 години. Неговиот најдобар пријател извршил самоубиство додека тој бил под дејство на дрога 12 часа како тинејџер.

Се борел со алкохолизам, добил девет затворски казни, две пред клучната улога во „The Goonies“, што го прославила.
Глумата станала бегство од неговите деструктивни навики, но сепак завршил во евтино сместување во Портланд во 1990 година, каде што живеел некое време, а подоцна во она што го нарекол „изнајмена ќелија“ во Њујорк.
Неговата кариера процвета по филмот „No Country for Old Men“ за неговата улога во филмот „Milk“ бил номиниран за Оскар. Следеа улоги во блокбастери.
Актерот во 2021 година објави дека е трезен осум години. Ѝ се заблагодари на сопругата за нејзината поддршка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PopCulture (@popculture)

Смртта на неговата мајка го уништила Џес Бролин
Таткото на Џес и Џош Бролин е легендарниот актер Џејмс Бролин (85), во брак со познатата Барбара Стрејсенд (83).
Џејмс Бролин е во брак со Барбара од 1998 година, таа е негова трета сопруга. Од 1966 до 1984 година, тој бил во брак со Џејн Камерон Ејџи, која починала во 1995 година во сообраќајна несреќа. Имала 55 години.
Во своите мемоари, Џос Бролин нагласил дека неговата мајка е секогаш тука, дека му се привидува, „одбива да не биде таму“, како што навел тој.

Легендарната Барба Стрејсенд, која има 510 милиони долари, претходно изјавила дека семејството сака да му помогне на Џес, но дека тој одбива помош.

„Многу го сакаме и му посакуваме само најдобро“, рекла таа. Сепак, многумина сè уште се прашуваат зошто не се трудат повеќе иако, според неа, тој одбива поддршка. Можеби некоја дополнителна причина би ја разјаснила ситуацијата, но мрачната слика од неговиот живот ја растажила планетата, а прашањето дали семејството навистина се труди или е нешто друго во прашање останува отворено.

За многумина, која било причина не би била доволно оправдување за да не му се помогне на некој близок.

За потсетување, Барбра Стрејсенд и Џејмс Бролин живеат во скапа вила во Малибу. Приближно во истото време кога Џес бил фотографиран на улица, Џош Бролин уживал во сурфањето во сончевиот Монтесито.

Фото: Принтскрин/YouTube/Facts Verse

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Не е сè во изгледот – Овие квалитети на мажите се сметаат за неодоливи од жените

Мажите често се прашуваат што навистина ги привлекува жените, а одговорот на ова прашање е …