Филмско музичка бајка – Концерт во чест на Оскарите

По огромниот успех на првата Оскаровска Гала вечер минатата година и одличниот прием кај публиката, утревечер во МНТ повторно ќе се одржи концертот во чест на Оскарите.

Безвременските хитови номинирани и наградени со најпрестижната филмска награда, Оскар, ќе ги исполнат реномираните македонски пејачи; Наде Талевска, Ана Петановска, Горан Наумовски, Денис Димоски, Светлана Јовановска, Дејан Бобиќ Дексо, Нарија Димитриевиќ, Јасна Димитровска, заедно со Битолскиот Камерен Оркестар IWConnect и Полифонија.


Низ Оскаровските приказни и филмската историја ќе ве води Миланка Рашиќ.

Концертот ќе започне во 20:00 часот, а посетителите ќе пристигнуваат на Црвениот тепих од 19:30 часот.


Настанот ќе се одржи точно една недела пред 97-та Оскаровска церемонија во Лос Анџелес.

Времетраење 120 минути, со пауза од 20 минути.


Билети може да се набават на билетарницата на МНТ, или онлајн на www.mnt.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) „Лицето му е позатегнато од ТАПАН, наскоро нема да може ни да трепне“: Бред Пит е мета на потсмев, фановите тврдат дека ПОЗНАТИОТ АКТЕР претерал со ботокс

Познатиот актер Бред Пит со години важи за еден од најпосакуваните мажи во Холивуд. Иако …