Фото: Википедија

Ерос Рамацоти со нов албум: „Una storia importante“ ја слави неговата музичка еволуција


Италијанската музичка икона Ерос Рамазоти го објави својот шеснаесетти студиски албум „Una storia importante“, познат и под својот шпански наслов „Una Historia Importante“, кој излезе на 21 ноември 2025 година преку издавачката куќа Universal. Албумот претставува ново и амбициозно поглавје во неговата речиси четиридецениска кариера.

Албумот содржи петнаесет композиции, кои претставуваат комбинација од сосема нови песни и нови аранжмани на класици од богатата дискографија на Рамацоти. Овој пристап овозможува да се почувствува музичката зрелост на уметникот, истовремено почитувајќи го неговото препознатливо наследство.


„Una storia importante“ вклучува широк спектар на реномирани уметници, што му дава интернационална димензија на проектот. Меѓу гостите се: Alicia Keys – соработува на новата верзија на „L’Aurora / La Aurora“, латиноамериканските ѕвезди Carín León, Kany García и Lali како и италијанските музички великани Elisa, Giorgia, Andrea Bocelli, Max Pezzali, Ultimo и Jovanotti.

Во рамки на претпромотивните активности, Рамацоти на 17 и 18 октомври 2025 година ја премиерно изведе песната „Buona stella“ во дуо со италијанската пејачка Elisa на неговиот концерт во Ziggo Dome во Амстердам. Настапот беше поздравен од публиката како еден од најемоционалните моменти на концертната вечер.


Паралелно со издавањето на албумот, Ерос Рамацоти најави и голема светска турнеја. „Una Storia Importante World Tour“ ќе се одржи од февруари до ноември 2026 година, опфаќајќи низа концертни дестинации во Европа, САД и Латинска Америка. Турнејата се очекува да биде едно од најзначајните музички случувања за следната година.

Подолу слушнете ја „La Aurora“ и уживајте во новата верзија со вокалите на Alicia Keys.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Не е сè во изгледот – Овие квалитети на мажите се сметаат за неодоливи од жените

Мажите често се прашуваат што навистина ги привлекува жените, а одговорот на ова прашање е …