Драмски театар Скопје: Пристигнува најпровокативната премиера на годината!


Што се случува кога сомнежот, страста и погрешниот избор на врата во погрешен момент ќе ја запалат атмосферата во еден хотел што крие многу повеќе тајни отколку што изгледа? 👀✨
„Болва в уво“ на сцената на Драмски театар — урнебесна комедија за љубовните недоразбирања, случајните средби… и ситуациите од кои нема назад, само уште една врата напред.
Во режија и адаптација на Синиша Евтимов — проверениот хит-мејкер на театарската сцена.
🔥 Неонски жар, брзи пресврти и многу пикантни моменти што ќе ве натераат да се смеете гласно.
🔥 Премиера на 17 декември — вечерта кога никој нема да остане рамнодушен.
Дали сте подготвени да откриете што се случува кога страста ќе ви стави болва в уво?


Фото: Принтскрин/Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Не е сè во изгледот – Овие квалитети на мажите се сметаат за неодоливи од жените

Мажите често се прашуваат што навистина ги привлекува жените, а одговорот на ова прашање е …