Денеска се празнуваат Светите Дванаесет маченици што пострадаа во времето на Диоклецијан

Првиот од нив, Памфил, презвитер на Црквата во Кесарија Палестинска, човек учен и благочестив, го исправи текстот на Новиот Завет од грешки на различни препишувачи; самиот ја препишуваше оваа спасоносна книга и им ја даваше на оние што сакаа. Вториот беше ѓаконот Валент, стар според годините и белокос според мудроста. Беше одличен познавач на Светото Писмо и го знаеше речиси наизуст. Третиот беше Павле, маж чесен и угледен. Освен нив уште петмина браќа по тело и дух, родум од Мисир, се враќаа од осуда од рудникот Киликиски во својата татковина, но на портата од градот Кесарија изјавија дека се христијани, заради што ги изведоа на суд. На прашањето како се викаат, рекоа: „Незнабожечките имиња што ни ги даде мајка ни ги отфрливме и се нарековме Илија, Исаија, Еремија, Самуил и Даниил“. На прашањето од каде се, рекоа: „Од Горниот Ерусалим“.

Тропар
Дванаесет ѕвезди пред престолот Божји, Памфил мудриот кој Порфирија преку пустина кон Небесата го приведе, Валент од чија уста Писмото Свето непрестајно течеше, Павле ревнител кој планини поместуваше, Илија, Исаија, Еремија, Самоил и Даниил, пет браќа кои пред мачителот опстоија мажествено, Селевкиј и Теодул кои крст искусија, а Јулијан – тела нераспадливи љубовно целиваше, молете се вие кои пример сте за нас на патот на спасението.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Велигденски пост: Се пости за да се зајакне духот и за да се претпочита духовното над телесното

Велигденскиот пост е најстрогиот пост на Црквата. Тој трае седум недели. Годинава велигденскиот пост трае …