Денес започнува 59. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ − Прилеп


Под слоганот „Смеј се и осмели се!“ денес започнува 59. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, кое ќе трае до 13 јуни.

Оваа година, со фокус на смеата и храброста, фестивалот носи свежи перспективи и смели ставови. Претстави со став, разговори без цензура – ова е смелоста што ќе се слави на овогодинешното издание. Прилеп како град театар повторно станува центар на театарската магија!


На ова издание на фестивалот ќе имате можност да погледнете 9 претстави од националните театри и 5 претстави од независната продукција.

Официјална селекција:


  • „12“ според мотивите на „12 гневни луѓе“ од Реџиналд Роуз, во режија на Синиша Евтимов, продукција на Македонски народен театар − Скопје.
  • „Парови“ од Ана Ристоска-Трпеноска, во режија на Ивана Ангеловска, продукција на Драмски театар – Скопје
  • „Ричард Трети“ од Вилијам Шекспир, во режија на Куштрим Бектеши, продукција на Албански театар − Скопје
  • „Слепци“ од Морис Метерлинк и според „Погубни идентитети“ од Амин Малуф, во режија на Ќендрим Ријани, продукција на Турски театар − Скопје
  • „Црно семе“ од Ташко Георгиевски, во режија на Андреј Цветановски, продукција на Народен театар − Битола
  • „Бура“ од Вилијам Шекспир, во режија на Џон Блондел, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп
  • „Рацин“, драматург Сашо Димоски, во режија на Дејан Пројковски, продукција на Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ − Велес
  • „Сите прекрасни нешта“ според монодрамата на Данкан Мекмилан, од Ана Ристоска Трпеноска, во режија на Нела Витошевиќ, продукција на Народен театар − Штип
  • „Пар-распар“ од Нил Сајмон, во режија на Нина Николиќ, продукција на Театар Комедија − Скопје

Независна продукција:

  • „Вампири“ − театарска минијатура за вампирите во театарот, во режија на Милош Б. Андоновски, продукција на „Театар за сите“ − Скопје
  • „Снег“ од Максанс Фермин, во режија на Зоја Бузалковска, продукција на „Штрих“ − Скопје
  • „Сите најубави нешта“ според Данкан Мекмилан, во режија на Дејан Пројковски, изведба Игор Ангелов, продукција на „ОХО продукција“
  • „Казабалкан“ од Горан Стефановски, во режија на Дамјан Костовски, продукција на Здружение за развој на театарска продукција „Оска“ − Скопје
  • „Ла Магбет“ според Шекспир, во режија на Шенај Мандак, во изведба на Хакан Даци, продукција на „Хибрид“ − Скопје

Подолу погледнете ја целокупната програма по денови и саатниците за сите настани.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Македонскиот метал бенд Conspiracy со нов албум – „ZAGOVOR“

Македонскиот метал бенд Conspiracy го објави својот втор студиски албум, насловен „ZAGOVOR”, кој од денес, …