Фото: Википедија

Денес роденден прославува Врбица Стефанов – еден од најдобрите плејмејкери во историјата на македонската кошарка


Врбица Стефанов е роден на 19 декември 1973 година во Кавадарци. Тој е поранешен кошаркар и репрезентативец на Македонија.

Тој играл на позицијата плејмејкер. Врбица е повеќекратен освојувач на првенства и купови, како во Македонија, така и на европската сцена. Кариерата ја завршил во 2009 година на 35 години, по една деценија кариера по европските клубови и претставување на Македонија во најдобро можно светло. Во својата клупска кариера, Стефанов настапувал за МЗТ Аеродром, Работнички, Пинар Каршијака, АЕК, Монтепаски, Фенербахче, Црвена ѕвезда, Олимпијакос, Мерсин и Менорка.


Врбица Стефанов во меѓународната клупска кариера одиграл над 100 натпревари, постигнал над 1000 бода и имал над 300 асистенции. Ја пишувал историјата на клубовите во кои играл и ја пишувал историјата на македонската кошарка.

Среќен роденден Врбица, ти посакува редакцијата на Екран.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОВИЕ ЗНАЦИ НЕ ТРПАТ НЕПРАВДА: Тие секогаш се борат за подобар свет

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …