Денес роденден прославува нашиот познат фудбалер Аријан Адеми


Аријан Адеми е роден на 29 мај 1991 година во Шибеник. Тој е македонски фудбалер роден во Хрватска, играч од средниот ред на Динамо Загреб и на македонската репрезентација.

Адеми ја започнал својата кариера во екипата на Шибеник за која дебитирал во март 2008 година, на само 16 години. Во јуни 2010 направил трансфер во Динамо Загреб, клуб за кој настапува и денес.


На репрезентативно ниво Адеми ги поминал речиси сите младински селекции на Хрватска почнувајќи од селекцијата под 18 години, па под 19, под 20 и под 21 година. Тој забележал три настапи и за сениорската репрезентација на Хрватска во 2013 година, меѓутоа поради фактот што сите три натпревари биле пријателски и од неофицијален карактер, му било дозволено да ја смени репрезентацијата и да заигра за Македонија за која дебитирал на 9 октомври 2014 против Луксембург во натпревар од квалификациите за Европското првенство 2016.

Среќен роденден Аријан ти посакува редакцијата на Екран.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ПОЧИНАЛ ПОЗНАТ ТИКТОКЕР (31): Полицијата се сомнева дека момчето кое го обожаваа луѓе од целиот свет се самоубило – прошталната порака на неговиот брат ја крши душата

Такер Џанал имал околу 2,5 милиони следбеници на ТикТок, каде што бил познат по своите …