Ана Стојаноска е родена на 22 ноември 1977 година во Прилеп. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, на Катедрата за општа и компаративна книжевност (2001г.). Магистрирала (2003) и докторирала (2007) театрологија на ‘Факултетот за драмски уметности – Скопје. Од март 2002 г. работи како хонорарен соработник – истражувач во Институтот за театрологија, при Факултетот за драмски уметности – Скопје. Подоцна станува координатор – истражувач во истиот институт. Во септември 2003 година била на студиски престој/специјалистичка активност во Музејот на театарската уметност на Србија во Белград (област театарска музеологија).
За помлад асистент по предметот македонска драма и театар на Факултетот за драмски уметности – Скопје — избрана во април 2004г., а реизбрана како асистент по истиот предмет во февруари 2007г. Од април 2010 година е избрана за доцент по истиот предмет, а во 2011 и за предметот компаративна книжевност. Од учебната 2012/2013 година го предава и предметот историја на светска драма и театар. Овие предмети ги слушаат студентите од сите студиски групи на Факултетот за драмски уметности – Скопје. Ангажирана е со свои предмети и на мастер/постдипломските и во тек е постапка за акредитација на докторските студии на факултетот, каде што има три предмети (ставена и исто така за лиценцирање/акредитирање за ментор на истите студии). Член е на Здружението за компаративна книжевност на Македонија и член на Програмскиот одбор на Македонскиот ИТИ – УНЕСКО.
Објавува поезија, проза и есеистичко-научни трудови од областа на театарот, родовите студии и книжевно-критичката теорија во македонската и странската книжевна периодика. Активно соработува во редица настани од театарската музеологија во земјата и надвор.
Пишувала и рецензии за театарски претстави во дневниот весник. Приредувач на книгата “Драми” од Дејан Дуковски, Скопје: ПроАртс (2002). Избор, преговор и редакција на книгата Македонска современа драма, 101 том, од пректот 130 Тома македонска книжевност, Битола: Микена (2008). Автор е на книгата Македонски постмодерен театар, Скопје: ФДУ (2006). Еден од авторите на Поимникот на книжевна теорија, Скопје; МАНУ (2007). Приредувач на делoвите Факти и еден од соавторите на монографиите Илија Милчин, (прир. Јелена Лужина), (2003); Прилеп: МТФ „Војдан Чернодрински и Петре Прличко, (прир. Јелена Лужина), (2004); Скопје: Магор.
Автор на монодрамата Стаклен лампион, праизведена Театра, 16 јуни 2013 г. Автор е на книгата “Македонски постмодерен театар, Скопје, ФДУ, (2006).
Иницијатор, координатор и еден од главните уредници на списанието „Ars Academica“ – во процес на подготовка, научно списание со меѓународна редакција што заеднички го подготвуваат и ќе го објавуваат Факултетот за драмски уметности – Скопје и Факултетот за музичка уметност – Скопје.
Учествувала во работата на повеќе научни симпозиуми и работилници од областа на театролошката наука. Идеја, концепт и реализација на обележувањето на јубилејот Шеесет години од смртта на Војдан Чернодрински на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, 2011, како и водител на повеќе научни трибини и промоции на истиот фестивал (Водител на две трибини, учесник во четири), водител на меѓународна работилница посветена на Стриндберг, ФДУ – Скопје, Фестивал „Скомрахи“, 2012г. , водител на дебата на Фестивалот „Слободна зона, Виница, 2013. Соработувала во многу научно-истражувачки проекти од областа на театрологијата.
Во 2017 година ја добива наградата „Рациново признание“ за „Јас и Лин, отпосле“.
Среќен роденден Ана, ти посакува редакцијата на Екран.
ekran платформа за слободоумни