Љупчо Бубо Каров е роден на 12 февруари 1959 година во Кавадарци. Тој е еден од трите најкарактеристични и најпопуларни ликови од К-15 – Цацко.
Својата кариера ја започнал во Кавадарци, во добро познатата „Кавадаречка династија“ на Радио Кавадарци. Во 1984 година, тој дошол во Скопје каде во Македонското радио со плејада на новинари му пркосеше на социјализмот.
Во 1994 година, заедно со: Бранко Огњановски и Васко Тодоров го основале К-15 македонското хумористично телевизиско шоу, кои се и сценаристи, кое било емитувано до 2013 година.
Во неговата музичка кариера тој бил дел од групата Токму Така. Тој често настапува со групата Трио Гранде и Ваташка Чалгија, каде имаат и концерти во Австралија, Канада, Соединетите Држави и Швајцарија. Во период од 2014 до 2015 година, бил водител на емисијата “Зајди зајди” на Телевизија Алфа, заедно со Зуица Лазова.
Во 2024 година, заедно со Трио Гранде, настапуваат на Тумба Фест Куманово, со песната “Дојранска” каде тој е автор на текстот и музиката. Во 2024 година, ја добива државната награда “11-октомври” за животно дело.
Награди:
- 2023 — Медал за заслуги за Македонија
- 2024 — Награда „11 Октомври“
- 2025 — Златна бубамара на популарноста
Среќен роденден Бубо, ти посакува редакцијата на Екран.
ekran платформа за слободоумни