Откако семејството Броколи, кое ја водеше легендарната франшиза за Џејмс Бонд повеќе од 60 години, го префрли управувањето со филмската продукција на Amazon MGM Studios, започнаа шпекулациите за тоа кој би можел да го наследи Даниел Крег како таен агент 007.
Оваа промена предизвика бран шпекулации меѓу обожавателите, а актери како Џејмс Нортон, Арон Тејлор-Џонсон и Идрис Елба често се споменуваат како водечки кандидати.
Џејмс Нортон, кој во последните години стекна голема популарност благодарение на улогите во сериите како „Гранчестер“, „Среќна долина“ „Мафија“, беше еден од главните кандидати, иако и самиот се обиде да ги спречи гласините.
На неодамнешното доделување на наградите БАФТА, во разговор со водителот Алекс Зејн, Нортон на шега рекол: „Јас сум фаворит? Кој се обложува на тоа нека си најде нова работа“.
View this post on Instagram
Иако неговите коментари се јасно демантирање на гласините, многу фанови веруваат дека Нортон би можел да биде избран за Бонд. Имено, во третата епизода од серијата „Playing Nice”“, во која се појавува Нортон, неговиот лик е единствениот маж на гала вечерата кој не носи смокинг, што некои го протолкуваа како можен знак дека тој веќе потпишал договор за улогата.
View this post on Instagram
Покрај Нортон, се споменува и Арон Тејлор-Џонсон, додека веќе извесно време се шпекулациите за Идрис Елба. Иако никој официјално не потврдил какви било разговори во врска со новиот Бонд, Нортон и Тејлор-Џонсон во моментов се водечки кандидати.
View this post on Instagram
Инаку, улогата на Џејмс Бонд ја играа само шест актери. Шон Конери ја постави основата за ликот во седум филмови, додека Роџер Мур го играше Бонд во седум филмови од 1973 до 1985 година. Џорџ Лазенби имаше краток мандат, а Тимоти Далтон донесе посериозен пристап во два филма.
Пирс Броснан го модернизираше Бонд преку четири филмови, додека Даниел Крег донесе емотивно покомплексен лик преку пет филмови. Со оглед на тоа, секоја нова интерпретација на Бонд носи различни предизвици и барања, а кој ќе го наследи Крег и ќе стане новиот Џејмс Бонд останува големо прашање.
Фото: Архива/монтажа