По иницијатива на нашиот поет Александар С. Трајковски, книгата антологија ,,Различни светови”, го виде светлото на денот. Во неа собрани се повеќе поеми од наши македонски автори.
Книгата е во издаваштво на најстарата приватна издавачка куќа во Македонија – ,,Збор” од Велес во соработка со Трајковски.
Книга од збир на различни поетски емоции, инспирации и размислувања. Ова е прв проект книга антологија на Трајковски во целокупното негово творештво и литературна кариера.
ekran платформа за слободоумни